Уапсени тројца комарџии во Тетово

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Полицијата вчеравечер приведе три лица во угостителски објект во Тетово каде нелегално организирале игри на среќа.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (2 април) околу 23:10 часот во угостителски објект на улица „Љуботенска“ во Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(43) од Тетово, сопственик на објектот и Ф.Б.(53) од скопско Арачиново и А.Р.(56) од скопски Синѓелиќ поради сомнение дека сториле кривично дело „комар“ казниво по член 398 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицата се задржани во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот