Приведени три лица во кавадаречко, се обиделе да украдат бакарен кабел

Македонска полиција / Фото: МИА

Полицијата вчера привела три лица кои биле забележани во обид да демонтираат доводен бакарен кабел од рудник кај с.Мрежичко.

„На 27.09.2023 во 14.00 часот во близина на село Рожден, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Ш.(59) од село Кукуречани, битолско, Ј.Н.(53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод и Б.С.(62) од село Лисичани, општина Пласница. Околу 12.30 часот кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудник кај с.Мрежичко, кавадаречко, тие биле забележани како со подесен алат сечат и демонтираат доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија на електромоторите кои ја движат транспортната трака од рудник до фабрика“, информираат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот