Приведени две лица со кокаин

Илустративна фотографија/Архива на Слободен печат

Во две одделни полициски акции, полициските службеници вчера уапсија две лица кои поседувале прашкаста материја во нив, информира МВР.

-На 25.11.2019 во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во центарот на Скопје го лишиле од слобода А.А.(38) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја- наведуваат во дневниот билтен од МВР.

Исто така синоќа во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Б.Ф.(33) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

По документирање на предметите против овие лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот