Приведени две лица осомничени за „тешка кражба” во дом на скопјанец

МВР информира дека привело две лица осомничени за „тешка кражба” во дом на скопјанец, кои заедно со веќе осудено лице, ги продале украдените предмети.

Од МВР соопштија дека полицајци од Полициското одделение – Шуто Оризари ги лишиле од слобода М.М. (19) и С.Б. (23), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека на 14 јануари 2021 извршиле кривично дело „тешка кражба” од домот на К.Д. (35) од Скопје.

– По спроведени мерки и активности било констатирано дека трет соучесник во кривичното дело е А.Д. (19), кој од пред 10 дена е на издржување на затворска казна. Во врска со случајот бил повикан и Д.М. (33) од Скопје, кој ги откупил предметите претходно украдени од трите лица и од него се одземени дел од нив и ќе бидат вратени на сопственикот, се наведува во соопштението на полицијата.

По документирање на случајот против М.М., С.Б. и А.Д. ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичнито законик за „тешка кражба”, а против Д.М. по член 261 „прикривање” од Кривичниот законик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот