Приведени двајца крадци за извршени 17 кражби

Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Жител на кичевското село Арангел, по кого била распишана потерница за издржување затворска казна во траење од 12 години, е уапсен во селото Колибари.

Според МВР, вчера околу 15.30 часот во селото Колибари е уапсен А.Е. (24) од кичевското село Арангел, за кого била распишана потерница за издржување казна затвор од 12 години во затворот „Идризово“.

Во октомври, ноември и во првите денови од овој месец, А.Е. со уште две лица од Гостивар, извршиле 17 кривични дела тешки кражби и кражби на подрачјето на селата Зајас и Осломеј.

Во полициската акција бил уапсен и З.И.(25) од гостиварското село Дебреште.

За преземените активности МВР го известило ОЈО.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот