Приведени четворица малолетници во Центар, нападнале минувачи во ГТЦ

Полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје вчера во 22.15 часот на подрачје на Центар лишиле од слобода четворица малолетници од Скопје осомничени дека извршиле повеќе кривични дела на подрачјето на Центар.

При лишувањето од слобода, како што информира МВР, кај еден од нив бил пронајден и одземен нож.

Тие се сомничат дека 5 април 2024 околу 22 часот во Градски трговски центар физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје и дека истиот ден околу 22.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнале друг малолетник од Скопје, соопшти МВР.

Тие се осомничени и дека вчера околу 20 часот во Градски трговски центар физички ги нападнале Л.Т.(20) и 19-годишната С.А., двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот