Приведен велешанец осуден на 11 години затвор

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Полицијата вчера околу 11:00 часот уапси 31-годишник од Велес, осуден на казна затвор од 11 години и десет месеци кој бил баран со централна потерница.

На 05.04.2023 во 11.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода О.Т.(31) од Велес. Тој бил осуден на казна затвор од 11 години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 237 од Кривичниот законик. O.T. бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на осум месеци од казната, информира МВР.

Лицето е спроведено во затвор за доиздржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот