Приведен стружанец баран со потерница за издржување казна затвор

Полиција / Фото: МИА

Дваесет и седумгодишен стружанец кој бил баран со централна потерница е приведен вчера за издржување казна затвор.

„На 13.12.2023 во 21.00 часот на улица „Црни Дрим“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го привеле Н.Н.(27) од Струга. Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Основен суд во Струга за издржување затворска казна“, информираат од МВР.

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струга за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот