Приведен скопјанец баран со потерница

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Полицијата денеска го приведе четириесет е едногодишниот Д.Ј од Скопје кој бил баран со централна потерница за издржување казна затвор.

„Денеска (27.09.2023) во 14.00 часот на бул.„Борис Трајковски” полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(41) од Скопје. Тој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор, а во врска со сторено кривично дело по чл.386 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Д.Ј. ќе биде предаден на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот