Приведен штипјанец баран со потерница за идржување казна затвор

Апсење/Фото: МИА

Полицијата приведе четириесет и едногодишен штипјанец кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од три и пол години.

„Денеска (18.12.2023) во 11.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.С.(41) од Штип, со живеалиште во Скопје. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 186 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Лицето е предадено во Полициска станица Гази Баба, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот