Приведен битолчанец кој крадел во угостителски објект, парите вратени на сопственикот

Апсење /Фото: Профимедиа

Полицијата вчера го приведе четириесет и петгодишен битолчанец кој претходно извршил кражба во угостителски објект и украл пари.

„Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола на (30.10) го лишиле од слобода Г.В.(45) од Битола поради основано сомнение за извршена тешка кражба во угостителски објект во Битола. Г.В. во службен разговор го признал делото, а пронајдени се и парите што ги одземал и вратени се на сопственикот“, информираат од МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот