Притвор за тринаесет осомничени во случајот „Синџир“

Кривичен суд/Фото: Драган Митрески

Кривичниот суд ги прифати барањата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за осомничените во случајот „Синџир“, со што определени се 13 ефективни притвори, еден куќен и 12 мерки на претпазливост.

Акцијата „Синџир“ беше спроведена вчера на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид. Опфатени се 26 физички и 28 правни лица – осомничени за злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари. Приведени се 20 осомничени, а шест лица се недостапни за органите.

-Осомничените со сите противправно преземени дејствија, во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, не пресметале и не платиле данок – давачка на која биле законски обврзани. На овој начин, со намера за себе да се стекнат со противправна имотна корист, осомничените предизвикале штета на Буџетот на Р.С. Македонија во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра, наведе Обвинителството во вчерашното соопштение.

Воедно, како што посочија од Обвинителството, во временскиот период од 22.10.2020 до 31.12.2021 година, во Неготино, Струмица, Скопје, Штип и во Велес тројцата организатори на злосторничкото здружение и четири осомничени припадници на злосторничкото здружение со цел да го прикријат потеклото на паричните средства и нивното движење, пуштиле во оптек, примиле пари и извршиле пренос на парични средства и подигале парични средства во готово во вкупен износ 40.046.815,00 денари или 651.168 евра за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело Даночно затајување.

Детали за акцијата „Синџир“: 26 физички лица и 28 правни лица, го оштетиле буџетот за речиси 8 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот