Притвор за двајца велешани осомничени за разбојништво во Велес

Фото: mia.mk

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца велешани за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело разбојништво.

Осомничените на возраст од 26 и 32 години во саботата со маски на лицето заедно влегле во спортска обложувалница. На вработената на сила од раката ѝ го оттргнале мобилниот телефон и ѝ го одзеле. Тие ѝ побарале пари, со закана дека ќе ја убијат, информира државното Јавно обвинителство.

Разбојниците пронашле и одзеле 12 ваучери за исплата од слот машини во вредност од вкупно 13.219 денари, како и сите монети во фиоките.

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот