Притвор за 35-годишен албански државјанин баран од Интерпол

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга достави предлог за определување притвор против 35-годишен државјанин на Република Албанија за кого од 31 мај е издадена меѓународна потерница со барање за апсење од Интерпол Брисел.

Странскиот државјанин на 22 јули бил лишен од слобода на граничниот премин Ќафасан-Струга. Белгиските власти го бараат за издржување казна затвор од 3 години и 4 месеци, бидејќи бил осуден за кривичните дела – фалсификување, перење пари, недозволена трговија со оружје, криминално организирање и фалсификување патни исправи, согласно белгиското законодавство – се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител му предложи на судот да определи притвор за странскиот државјанин со оглед на тоа што тој наоѓа во бегство од државните органи на Белгија и доколку биде пуштен на слобода повторно би можел да стане недостапен за да го избегне издржувањето на затворската казна во таа држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот