Природните катастрофи ширум светот предизвикаа штети од 140 милијарди долари оваа година

Фото: EPA-EFE/THAIS LLORCA

Околу 140 милијарди долари изнесуваат штетите од природните катастрофи во текот на оваа година, објави осигурителната компанија „Сјуис Ре” со седиште во Цирих.

Тоа е помалку во споредба со сумата од минатата година, која изнесувала 176 милијарди долари.

Речиси целата сума опфаќа штети од природни непогоди во текот на годината, како што се циклони и поплави, кои предизвикале економски загуби од 133 милијарди американски долари.

Швајцарската компанија, исто така, соопшти дека околу 11.000 луѓе во светот починале или исчезнале во природни катастрофи во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот