Фото: LOIC VENANCE / AFP / Profimedia

Принцот Хари никој не го информирал дека неговиот татко е во болница: Сè дознал од медиумите

Странските медиуми пишуваат дека принцот Хари слушнал дека неговиот татко е во болница откако страдаше од несакани ефекти од лекувањето на ракот кога веста пристигнала до остатокот од светот преку медиумите.

Упатените велат дека принцот од Сасекс (40) е „поосамен од кога било“ и дека сега едвај ја напушта својата палата во Монтесито – бидејќи во понеделникпт се одбележува петгодишнината откако тој и сопругата Меган Маркл ја напуштија Британија и се преселија во САД.

Меган Маркл, од друга страна, продолжи со своите лични проекти, вклучително и емисијата за животниот стил објавена на Нетфликс претходно овој месец.

Извор изјавил за британски „Сан“: „Прво тој беше резерва на Вилијам, сега сè повеќе изгледа како резерва на Меган – и тоа не е одличен изглед“.

Друг додал: „Многу му недостасува семејството, но никој повеќе не разговара со него. Тој само сака да оди на пиво со момчињата, но неговите единствени пријатели се само сопрузите на пријателите на Меган“.

Се верува дека палатата одлучила да не го контактира принцот Хари во врска со приемот во болницата на неговиот татко за да не го вознемири додека се наоѓа на друг континент.

Кралот Чарлс Трети беше принуден да откаже низа планирани настани во четвртокот, откако беше примен во болница во текот лекувањето на ракот.

Чарлс (76) имал закажан преглед, но претрпел „привремени несакани ефекти“ кои барале краток период на лекарски надзор, соопшти Бакингемската палата.

ФОТО | Кралот Чарлс е примен во болница поради несаканите ефекти од лекувањето на ракот

Кралски експер тврди: „Го видов кралот Чарлс пред да го хоспитализираат, тој е доста променет“

ФОТО+ВИДЕО | Кралот Чарлс се појави во јавноста по кратката хоспитализација: Монархот имаше несакани ефекти од лекувањето на ракот

ВИДЕО | Принцот Хари и Меган Маркл ги посетија евакуираните во Пасадена: Служеле оброци и донирале за загрозените од пожарите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот