Пригожин нема долго да остане во егзил, повторно ќе се обиде да направи бунт, тврди белоруската опозиција

Евгениј Пригожин / Фото: Јутјуб / принтскрин

Член на белоруската опозиција во егзил вели дека се подготвува „топло добредојде“ за членовите на групата Вагнер.

Френк Виакорка, главен политички советник на протераната белоруска опозициска функционерка Светлана Тихановскаја, изјави за Newsweek дека сите членови на групата Вагнер што ќе се населат во Белорусија ќе се најдат помеѓу одмаздољубивиот Кремљ и непријателско локално население, вклучително и влијателни личности во воениот и безбедносниот естаблишмент на земјата.

Пригожин и илјадници негови борци, наводно, планираат да се населат во Белорусија по краткотрајниот бунт против руските воени власти на крајот на јуни. Иако Путин го осуди бунтот нарекувајќи го „предавство“ и се закани со одмазда, на Пригожин му беше понуден договор да ја напушти Русија под заштита на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Не мислиме дека Пригожин ќе остане долго во Белорусија “, рече Виачорка. „Во Белорусија не е безбедно“, додаде тој. „Белорусија е под контрола на Путин и ако Путин нареди да се убие Пригожин… тоа ќе се случи. Белорусија не е безбедно место, ниту за белорускиот народ па оттаму не е безбедно место ниту за Пригожин“, смета преставникот на опозицијата .

Неодамнешните сателитски снимки од Planet Labs открија потенцијални воени бази за сместување на борците на „Вагнер“ во Белорусија, предизвикувајќи загриженост во Европа за многу, многу опасна борбена сила која би била лоцирана во близина на границите на ЕУ и НАТО.

„Лукашенко мисли дека ќе може да ги користи Вагнер и Пригожин како свој личен чувар и заштита, но мислам дека Пригожин има други планови“, додаде Виачорка.

“Неговиот апетит е многу поголем од Белорусија. И тој повторно ќе се обиде да го собори Путин. Не може да се исклучи уште еден државен удар. Се уште не е завршено, барем внатре во Белорусија постои такво чувство”, изјави лидерот на белоруската опозиција.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот