Претепаниот Трајковски не дојде на „ТНТ“ поради тешката здравствена состојба, се лекува на неврохирургија

Фото: ТВ Алфа

Тони Трајковски обвинет во случајот „ТНТ“ кој завчера од двајца насилници бил претепан, денеска исто како и вчера не дојде на судското рочиште за предметот.

Јовица Страшовски пред судот изјави дека неговиот клиент Тони Трајковски е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.

– Мојот клиент вчера после 22 часот бил примен на клиниката. Тони тешко збори, дезоориентиран е и повраќа – рече адвокатот на Трајковски.

Во „ТНТ“, првообвинет е Никола Груевски, кој наредил да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Во овој предмет обвинети се и Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, Елизабета Најдовска и други обвинети од општина Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот