Пресврт на откупната цена на млекото во светот

млеко
Фото: Пиксабеј

Се оствари сценариото предвидено од земјоделските експерти на Креди, според кое во првиот квартал на 2023 година пазарот на млеко ќе влезе во таканаречената надолна фаза на циклусот.

Но, степенот на моментално забележаниот пад на цените е уште поголем од тие прогнози, пишува порталот „Агроњуз“. Промените нашироко се чувствуваат на целиот светски и европски пазар, а драстичен пример е Полска, која во последните месеци ја тресе кризата поврзана со големиот увоз на украински житарки.

Во загуба се и полските фармери бидејќи откупната цена на млекото во Полска, кога се елиминираат сезонските фактори, во јануари се намали за околу 7,8 отсто, што е нејзин најголем месечен пад во историјата.

Ова, се посочува, е одраз на движењето на светскиот пазар на млечни производи, каде во последните месеци има и нагло опаѓање на цените на широк асортиман на производи, претежно путер, обезмастено и полномасно млеко во прав. и сурутка. Експертите забележуваат дека една од главните причини за падот на цените на пазарот на млеко е се поголемата динамика на неговото производство кај најголемите светски извозници на млечни производи. Како што се наведува, понудата на млеко во ЕУ и во САД, која бележи раст во последните месеци, е одговор на релативно високата профитабилност на неговото производство во претходните квартали и покрај постојаниот пораст на трошоците, пренесува Политика.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот