Прераспределба на заболените од коронавирус во Вухан

Првите 50 пациенти биле преместени во монтажна болница на периферијата на Вухан, кој е епицентарот на епидемијата.

Поради над 20.000 пријавени случаи на коронавирус, Кина започна со пренесување на пациенти во нови згради или прилагодени здравствени установи.

Првите 50 пациенти биле преместени во монтажна болница на периферијата на Вухан, кој е епицентарот на епидемијата. Оваа болница со 1.000 кревети е опремена со најсовремена медицинска опрема, вклучувајќи оддели за изолација на пациенти, каде се користени вакуумски ѕидови.

При крај е изградбата на уште една болница, исто така во Вухан, која има 1.600 легла.
На други место во Вухан, властите претвораат гимназии, културни центри и изложбени сали во болници, со вкупно 3.400 легла за лекување на пациенти со лесни вирусни симптоми. Телевизиските снимки на овие згради прикажуваат кревети во тесни редови, без прегради меѓу нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот