Прегазена жена во Куманово, возачот избегал

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Седумдесет и шестгодишна жена е тешко повредена откако вчера била прегазена во Куманово, а возачот избегал.

„На 12.10.2023 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Фетка Наскова“ во Куманово, патничко моторно возило удрило во С.Ц.(76) од с.Горно Којнаре, кумановско, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц, констатирани во Општа болница Куманово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот