Прегазен велосипедист на автопатот Скопје-Тетово, со тешки повреди пренесен во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Четириесетгодишен велосипедист е тешко повреден откако автомобил удрил во него на автопатот Скопје-Тетово, во несреќа која се случила вчера околу 13 часот. Во несреќата со повреди се здобил и возачот и нејзината сопатничка и уште тројца малолетници.

„На 02.10.2023 во 13.00 часот било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, пред клучка Кондово, патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки,   управувано од Н.Џ.(33) од с.Буковиќ, скопско, удрило во велосипед управуван од С.В.(40) од Скопје. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Со телесни повреди се здобила Н.Џ., нејзината сопатничка А.Џ.(28) и уште тројца малолетници од возилото, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ ,“ информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот