Возач на „БМВ“ прегазил човек во Тетово и избегал

Полицаец на улица / Фото: - ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Возач од Тетово со автомобил „БМВ“ вчера околу 14:30 часот прегазил 45-годишен сограѓанин, по што не застанал да му укаже помош и избегал од местото на несреќата, соопшти МВР.

На 11.04.2023 во 14.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Видое Смилевски-Бато” со ул.„Љубо Божиноски-Пиш” во Тетово, патничко возило „БМВ” удрило во пешакот А.Б.(45) од Тетово, по што го напуштило местото, пишува во полицискиот билтен.

Пешакот е тешко повреден во несреќата и тој е згрижен во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот