Прегазен 49-годишен пешак, со тешки повреди пренесен во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вчера, 49-годишен пешак со тешки повреди бил пренесен на скопските клиники откако бил прегазен од „фолксваген“ на булевар „Македонско – косовска бригада“.

„На 29.02.2024 во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“, пред крстосница со ул.„Адем Демачи“, патничко возило „фолксваген“ со италијански национални ознаки, управувано од А.С.(19) од с.Арнакија, скопско, удрило во пешакот С.Х.(49) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот