Предновогодишен бран насилство во Скопје: Десетина тепачки и напади во главниот град во еден ден

фото: илустрација / Pixabay

Невообичаено голем број тепачки и физички напади регистрирала полицијата во изминатите 24 часа – според пријавите во МВР, се пресметувале колеги на работно место, млади луѓе на автобуска постојка, девојки и жени…

Еве ги случаите на насилство забележани во полицискиот билтен во изминатото деноноќие:

На 27.12.2022 во 23.00 часот во Полициската станица Центар, А.В.(29) од с.Грчец, скопско, пријавил дека околу 18.00 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, додека извршувал работни задачи како обезбедување, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со тврд предмет од Д.Н., вработен во клиничкиот центар.

На 28.12.2022 во 01.35 часот во Полициската станица Центар, М.П.(23) од Куманово пријавил дека околу 01.10 часот, додека бил на работното место во угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од едно лице.

На 28.12.2022 во 03.30 часот во Полициската станица Центар, З.А.(44) од Скопје пријавил дека во 02.45 часот на паркинг пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Т.С.(42) од Скопје.

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

На 28.12.2022 во 06.00 часот во Полициската станица Центар, Ф.Г.(33) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат со тврд предмет од две лица.

На 27.12.2022 во 14.00 во Полициската станица Центар, А.А.(19) од Скопје пријавила дека околу 13.00 часот во автобус, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно женско лице.

На 27.12.2022 во 11.30 часот во Полициската станица Чаир, С.М.(60) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот на паркинг пред маркет на подрачјето на Чаир, поради меѓусебно нетрпение и нарушени односи, бил нападнат со тврд предмет од К.П.(61) од с.Љубанци, скопско.

На 27.12.2022 во 16.45 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во објект на фирма на подрачјето на Чаир, по претходна расправија и меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Б.(53) од Скопје и Ф.Б.(37) од Тетово.

Фото: МИА

Полицијата исто така соопшти дека вчеравечер, тинејџер од Штип бил донесен во болницата во градот со тешки повреди, откако бил физички нападнат од непознато лице.

„На 28.12.2022 околу 22.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во Клиничката болница Штип со тешки телесни повреди како последица на физички напад бил донесен М.Ј.(19) од Штип“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот