Предизборен молк во Бугарија: Утре се гласа за стабилна власт

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во Бугарија денеска е молк пред утрешните предвремени парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Софија.

Според поголем дел од социолошките истражувања во Бугарија, партијата на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов води со минимална предност пред владејачката партија во Бугарија веќе 10 години – ГЕРБ на Бојко Борисов.

Последната анкета спроведена од агенцијата „Тренд” покажува дека партијата „Има таков народ” ја има довербата од 21,3 проценти од гласачите, а ГЕРБ-СДС од 20,5 отсто. Бугарската Социјалистичка партија засега останува на трето место со 15,9 отсто поддршка од гласачите.

За време на предизборната кампања, партијата на поранешниот министер за правда Христо Иванов, прозападната „Демократска Бугарија”, успеа да регистрира раст на поддршката за нешто повеќе од еден отсто во однос на нејзиниот ривал, Движењето за права и слободи, која може да биде четврта политичка сила во новиот бугарски Парламент.

Коалицијата на поранешниот народен правобранител на Бугарија, Маја Манолова „Исправи се”, според анкетата, ќе влезе во новиот Парламент со освоени 5,1 отсто од гласовите. Во новиот 46-ти состав на Народното собрание на Бугарија би се нашла и коалицијата „Бугарски патриоти – ВМРО, Волја и НФСБ”, која би го достигнала изборниот праг до четири проценти.

Под парламентарната бариера, но со мал пораст во рамки на кампањата, е проруската партија во Бугарија, „Преродба” со 3,1 процент поддршка од граѓаните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот