Фото: Профимедиа

Пред 43 години, тој во келнерка ја пронашол својата сродна душа: Оскаровецот ја откри тајната за среќен брак! (ФОТО)

Актерот Џеф Бриџис веќе 43 години е во брак со Сузан Гестон, а парот има и три ќерки. Во интервју тој ја открил тајната на нивниот долг брак и истакнал дека тоа било љубов на прв поглед.

Оскаровецот Џеф Бриџис и неговата сопруга Сузан Гестон во јуни оваа година прославија 43 години брак, годишнина која е навистина ретка меѓу паровите во Холивуд. Славниот актер сега ја открил и тајната на нивниот долгогодишен брак за магазинот „People”.

Фото: Профимедиа

„Навистина сум благословен. Навистина сме различни луѓе, но тоа го славиме и не дозволуваме ништо да не раздели. Ја почитувам нејзината мудрост”, вели Џеф.

70-годишниот актер својата 67-годишна сопруга ја запознал во 1974-та година кога таа имала 20 години и кога работела како келнерка на еден ранч, на кој тој го снимал вестернот „Rancho Deluxe”.

Фото: Профимедиа

„Беше тоа љубов на прв поглед”, признал Бриџис, кој со Сузан застанал пред олтар две години откако се запознале. Неразделниот пар минатата година својот ранч во Монтесито го продал на комшивката Опра Винфри за дури 6,8 милиони долари, а денес живее во Монтана. Таму ги минале о Божиќните празници минатата година заедно со своите ќерки Изабел (39), Џесика (37) и Хајли (34), како и со нивните семејства.

Фото: Профимедиа

„Тие се сакаат и многу време минуваат заедно. Цело време си поставуваат прашања еден на друг, за да бидат сигурни дека заедно уживаат во се”, раскажала нивната ќерка Изабела.

Фото: Профимедиа

Таа истакна дека бракот на нејзините родители е вистинска инспирација за неа и нејзините сестри, а не криела и дека имале среќно детство полно со љубов. Заедно со својот татко Изабела објави и книга за деца кои тие ја напишаа и илустрираа.

Фото: Профимедиа

Џеф Бриџис е едно од попопуларните имиња во Холивуд, а неговата кариера трае веќе 50 години. Досега за наградата Оскар бил номиниран седум пати, а златната статуетка ја добил во 2009-та година за филмот „Лудо Срце”. Сепак, најголема среќа во животот му е семејството и тој тоа го истакнува во секое интервју. И понатака активно се бави со глумата, а наскоро ќе се појави и во новата серија „The Old Man“, базирана на книгата на Томас Пери од 2017 година.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот