
Правиме зимницa: Рецепт за наједноставна, но највкусна лутеница
Нема ништо повкусно од домашна лутеница. Лутеницата е зачинет специјалитет од зеленчук, по текстура и вкус слична на ајварот, но со лут вкус. Лутеницата е популарен деликатес, задолжителен дел од зимницата, која традиционално се подготвува во македонската кујна.
Препорачано
Се советува при приготвувањето на лутеницата, лутите пиперки да се дозираат по вкус, само внимавајте да не претерате.
Состојки:
– 3 кг црвени зрели домати
– 1/2 кг лути пиперки
– 2 дл масло
– 2 дл оцет
– 1 лажица бибер во зрна
– 1 лажица сол
– мала шолја шеќер
– 1 китка магдонос
– 2 ловорови листови
– 1 поголема главица лук
Подготовка:
1. Доматите се мијат и кратко се варат во врела вода, па се оставаат да отстојат во неа околу половина час. Потоа се лупат и ситно се сечкаат. Се варат 30 минути, без никакви додатоци.
2. Пиперките се мијат, се вадат петелките, се боцнуваат еднаш со вилушка и се варат во мешавината од оцет, масло, бибер и шеќер 15 минути.
3. Заедно со сокот во кој се вареле пиперките се додаваат на доматите и сè заедно се динста уште 30 минути. На крајот се става крупно сечканиот лук, солта, магдоносот, ловоровите листови, се вари уште неколку минути, па се исклучува шпоретот. Сè добро се меша.
4. Теглите треба да се загреат во рерна на 100 степени, па да се наполнат со врелата лутеница. Теглите треба добро да се затворат и добро се завиткаат во ќебе. Се оставаат да отстојат 24 часа и потоа се складираат во шпајз.