Пратеникот на ОН за Судан, Фолкер Пертес, прогласен за персона нон грата

Фото ЕПА

Владата на Судан соопшти дека претставникот на Обединетите нации (ОН) во оваа земја, Германецот Фолкер Пертес, е прогласен за персона нон грата.

„Владата на Судан го информираше генералниот секретар на ОН дека од денеска г-дин Фолкер Пертес (…) е персона нон грата“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Пертес вчера беше во Адис Абеба, Етиопија, каде имаше неколку дипломатски разговори, соопштија од ОН на Твитер.

Генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој ја предводи суданската армија, побара смена на Пертес, обвинувајќи го дека е одговорен за војната што избувна во средината на април меѓу неговите сили и паравоените формации на Мохамед Хамдан Дагло.

Во писмото до ОН, генералот Ал-Бурхан го обвини Пертес дека во своите извештаи ја „прикрил“ експлозивната ситуација во Картум пред избувнувањето на непријателствата.

Без тие „лаги“, како што изјави Ал Бурхан, „Дагло немаше да ги почне своите воени операции“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот