Пратениците ќе одат на обука за етичко однесување

Протест на студентите пред Собрание/Фото: Слободен печат/Мето Здравев

Пратениците на еднодневна работилница треба да се стекнат со практични знаења, меѓудругото, за нивно очекувано однесување и постапување, спречување на корупција, судир на интереси, отчетност и транспаретност, употреба на јавни средства и фондови, како и за механизмите за негова примена и следење на спроведувањето, според курикулум за обука за примена на Етичкиот кодекс на пратениците, во согласност со барањата содржани во Извештајот на ГРЕКО, односно четвртиот круг на евалуација на тема: „Превенција на корупција кај членовите на Парламентот, судиите и обвинителите“.

Курикулумот беше усвоен денеска на седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Предвидени се квиз и вежби од кои едната е студија на случај, а другите прашања за морални дилеми односно судир на интереси, примање подароци, дискриминација/вознемирување, за користење на јавните средства и рационално користење на ресурсите. Последната вежба е за етичките сценарија.

Воведната обука за примена на Етичкиот кодекс за пратениците во Собранието е подготвена од Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на ПСП програмата.

Комисијата, чиј претседател е пратеникот Панчо Минов денеска утврди заклучоци како одговор на барањата кои се однесуваа на пратениците. Освен за Кодексот за етичко однесување, во извештајот на ГРЕКО има забелешки во делот на лобирање кон пратеници и во делот на доследна примена на Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Минов кажа дека во меѓувреме е донесен Закон за лобирање, како и дека во текот на 2022 година, ДКСК вршејќи ја редовната проверка на поднесените изјави за интереси од избрани и именувани лица не утврди прекршување на одредбите од Законот за спречување корупција и судир на интереси за пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот