Познати првите фаворити за освојување на Европското првенство

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во Хамбург вчера беше одржана ждрепката за Европското првенство во 2024 година, а веќе денес се објавени првите фаворити според обложувалниците за освојување на трофејот.

Прв фаворит за освојување на титулата е минатогодишниот финалист, селекцијата на Англија на која и е даден коефициент од 4.5. На второто место зад неа следи Франција со 5, потоа Германија со 7, Шпанија со 8 и Португалија со 9.

Првите 10 фаворити ги комплетираат уште Италија, Холандија, Данска и Хрватска. Треба да се каже дека Англија досега никогаш не била светски шампион и поразот во финалето на пенали од Италија на минатото Европско првенство за Англичаните е најголем успех.

Франција и Германија кои се зад Англичаните на титула чекаат од 2000, односно 1996 година.

На Европското првенство во Германија, Англија ќе игра во група со Словенија, Данска и Србија.

Пикси после жрепката за ЕП: Нема да се плашиме од Англичаните, фудбалот се игра „11 на 11“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот