Познатата докторка Ева Карнеиро пред враќање во фудбалот

Фото: EPA/WILL OLIVER

Без дилеми, Ева Карнеиро е најпознатата докторка во светот на фудбалот, без разлика што подолги години не е активна на терените, но во новата сезона би можела да се врати.

Англиските медиуми пренесуваат дека Карнеиро би можела да започне со работа во Турција и тоа во редовите на гигантот Фенербахче. Според најавите 49-годишната Карнеиро ќе биде прв доктор на фудбалскиот тим.

Во периодот од 2009 до 2015 година Карнеиро беше дел од Челси и секогаш го привлекуваше вниманието со својот атрактивен изглед. Од Челси си замина по конфликт со Жозе Мурињо кој тогаш ги водеше „сините“, освен Челси работеше и во Вест Хем.

Кога е Фенербахче во прашање, ќе потсетиме дека македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски вчера и официјално се збогуваше со турскиот гигант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот