Позната белградска докторка се самоуби: Пронајдена во тоалетот со рани од нож (ФОТО)

Белградската докторка и пластичен хирург Виолета Скоробаќ Ашанин беше пронајдена вчера со рани од нож во нејзиниот луксузен стан на Врачар, а според досегашните информации докторката извршила самоубиство.

Нејзината последна објава на Фејсбук ја прави нејзината одлука да се самоубие уште почудна.

„Треба да се сетиме дека не сме единствени кои се нашле во непремостлива неволја. Токму како што змејот се спротиставува на ветровите и нас неволјите може да не зајакнат. И како илјада луѓе пред нас се соочиле со истата судбина и преживеале, така можеме и ние. Д-р Браш – и тоа ќе помине“, напишала познатата докторка на својот Фејсбук профил.


Овој статус го објавила пред вонредната состојба поради коронавирусот во Србија, на 8 април.

Телото на докторката го пронашле сопругот и нејзиниот син, кои бидејќи таа предолго се задржала во купатило ја скршиле вратата и затекнале морничава глетка. Итната помош 45 минути се обидувала да ја реанимира 50-годишната жена, но без успех.

На градите на жената, близу до срцето биле видливи две убодни рани, а до неа бил пронајден нож. Полицијата извршила увид на лице место, а телото било однесено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот