Познат француски пејач застрелан на 27 години: Лекарите се борат за неговиот живот

Кенџи Жирак / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Кенџи Жирак (27), еден од најпопуларните француски пејачи беше застрелан во близина на Бордо, Франција. Пејачот беше застрелан во градниот кош, по што заврши на интензивна нега. Лекарите се борат за неговиот живот, пренесува „Дејли мејл“.

Кенџи се наоѓа во Универзитетската болница во Бордо, а инцидентот се случи за време на неговата посета на туристички камп во приморскиот град Бискарос.

„Тој беше во камп за патници каде што беше ранет од истрел од пиштол“, рекол изворот.

Полицијата го примила повикот околу пет часот и 30 минути, а кога пристигнала на терен се соочила со 20-ина лица кои одбиле да дадат каква било информација.

„Во меѓувреме итната помош укажа помош на тешко ранет маж кој беше застрелан во градниот кош, па итно беше пренесен во болница“, додал упатениот.

Според „Ле Парисиен“, Жирак успеал да изусти неколку зборови. Наводно им рекол на итните служби дека тој пукал од оружјето со кое се повредил поради „лошо ракување“. Пејачот го купил пиштолот еден ден претходно.

Инаку, Жирак е татко на едно дете, во 2014 година победи на музичкото шоу „Глас“ во Франција. Објави пет албуми и сними дуети со познати колеги од Франција. Често зборуваше за тоа како растел во караван и како се занимавал со физичка работа откако го напуштил училиштето на 16-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот