Пожарот во „Глобал” се прошири на тезгите во пазарот

Пожарот кој избувна вечерва по 23:00 часот во Трговскиот центар “Глобал” во Струмица се прошири на тезгите во пазарот, во приземјето.

Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пред малку пожарот се проширил во внатрешниот дел од трговскиот центар, каде се сместени поголем број на тезги.

Според него, пожарот кој ги зафати неколкуте дуќани од надворешната страна е локализиран.

Засега нема повредени, а само на еден граѓанин побарал помош од медицинските екипи, најверојатно од претрпен шок од пожарот.

Гаснењето на пожарот продолжува во внатрешноста на ТЦ „Глобал”.

Имаку, големиот пожар зафати четири продавници на приземјето и се прошири кон првиот кат, а пожарникарите со големи напори успееја да го стават под контрола и засега не дозволија да се прошири на другите продавници.

Според очевидци, пожарот веднаш се проширил.

-Почна на почетокот од првиот дуќан и брзо се прошири. Мојот бутик е целосно изгорен и во него имаше стока од над 20 илјади евра, рече сопственик на бутик.

На местото на пожарот има голем број граѓани, а повеќе полициски возила го обезбедуваат просторот околу ТЦ „Глобал”, како и возила на првата помош.

Засега не се знаат причините за пожарот, во кој е причинета голема материјална штета.

Костадинов со апел до граѓаните да не одат на местото на пожарот во Струмица

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов вечерва упати апел до граѓаните да не одат на местото на пожарот, кој избувна вечерва по 23:00 часот во Трговскиот центар “Глобал” во Струмица, и кој потоа се прошири на тезгите во пазарот, на приземјето.

-Апелирам граѓаните да не одат на местото каде што е пожарот! Поддршка за нашите пожарникари и полицијата. Мораме да бидеме смирени и да оставиме надлежните да си ја работат работата!, напиша Костадинов на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот