Пожарот кај фабриката „Охис“ ставен под контрола, еден од пожарникарите заврши во болница

Стојанче Ангелов, директор на ЦУК. /Фото: Facebook

Пожарот кај фабриката „Охис“ е ставен под контрола, потврди за МИА заменик командирот на скопската пожарна Звонко Томески. Тој информира дека најверојатно постојат три точки каде што е започнат пожарот, како и дека моментално се работи на негово догаснување.

Томески изјави дека причината за избувнување на пожарот се уште не е позната, но дека се работи на расчистување на случајот и дека најверојатно ќе се утврди пирчината за настанување на пожарите.

– Во моментов се работи на догаснување на пожарот, причината за избувнувањето не е позната, но истражните органи се на лице место, полека се расчистува и најверојатно ќе се утврди причината за настанување на пожарите, истакна Томески.

Инаку, во гаснењето на пожарот е повреден еден пожарникар кој, како што рече Томевски, откако вдишал чад веднаш бил однесен со Брза помош во болница и во секој момент се очекуваат информации за неговата здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот