Пожар во семејна куќа во Прилеп

Противпожарната единица брзо интервенирала и не дозволила пожарот да ја зафати целата куќа и соседната до неа.

Доцна попладнето во Прилеп избувна пожар во куќа  на улица „Вардарска” број 2. Нема повредени иако при избувнувањето на пожарот во куќата биле две жени. Причинета е материјална штета.

Противпожарната единица брзо интервенирала и не дозволила пожарот да ја зафати целата куќа и соседната до неа.

Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица пожарот избувнал од сѐ уште непознати причини во просторија на првиот кат.

-Опожарена беше една соба. Просторијата целосно е изгорена, но беше спречено пожарот да ја зафати целата куќа, па и соседната. Успешно е изгаснат. Се интервенираше со две противпожарни возила и 10 пожарникари. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува. Просторијата е на првиот кат. Причината може да биде различна. Ако не е човечки, тогаш е технички фактор, изјави Стојчески.

При избувнувањето на пожарот внатре биле две жени, сестри на околу 50 годишна возраст кои живееле заедно. Прв им притекнал во помош соседот, а наскоро пристигнале пожарникарите кои го изгаснале пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот