Пожар во компанија за училишен и канцелариски мебел во Волково

Фото: Протипожарно возило/илустрација

Пожар избувна денеска во компанија за производство на училишен и канцелариски мебел во скопската населба Волково.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираа дека пожарот е локализиран и се работи на догасување. Интервенирано е со четири возила и девет пожарникари.

Пожарот не е проширен на околните куќи и нема жртви. Причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот