Пожар во двор во Лисиче (ФОТО)

Пред половина час во двор во скопската населба Лисиче на булеварот „12-та ударна бригада“ беше забележан пожар од страна на случајни минувачи при што беше повикана противпожарна екипа која веднаш пристигнала на место.

Според информациите станува збор за запалена сува трева од засега непознати причини.

Оганот се проширил речиси до куќата, но за среќа со брзата интервенција на пожарникарите беше спречена поголема трагедија. Засега нема информации која е причината за пожарот кој во моментов е изгаснат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот