Повторно нека „се отвори небото“: Црвена звезда по скалпот на Баерн! (ВИДЕО)

фото:твитер

Поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Илија Најдоски остана во убаво сеќавање на сите навивачи во 1991. година кога со „црвено-белите“ ја освои титулата шампион на Европа и светот.

Денеска ќе се игра претпоследното петто коло во групата „Б“ од Лигата на шампионите, Црвена звезда и натаму ги одржува шансите за второто место кое води во нокаут-фазата, иако поголема е веројатноста да се бори за третата позиција која води во Лига Европа.

Моментно на табелата води Баерн Минхен со 12 бодови и обезбеди настап во нокаут-фазата, Тотенхем е второпласиран со седум, следуваат Црвена звезда (три) и Олимпијакос (еден).

Вечерашниот дуел меѓу Црвена звезда и Баерн ќе се игра во Белград на стадионот „Рајко Митиќ“ од 21.00 часот, а во истиот термин во Лондон Тотенхен на новиот менаџер Жозе Мурињо ќе ги одмери силите против грчкиот Олимпијакос.

– Оваа генерација ги направи горди сите навивачи на клубот кој го врати во самиот крем на европскиот фудбал. Тој континуитет и искуство е многу значајно за клубот, играчите, а на нам навивачите ни донесе незаборавните моменти. Баерн е институција, еден од најдобрите клубови на планетата и секој позитивен резултат ќе биде вистинско богатство за целта која сите ја посакуваме, а тоа е европска пролет. Звезда со пласманот во ЛШ веќе ја направи сезоната успешна, секој плус ќе биде бонус, но и знак дека клубот расте – рече Најдоски за клупскиот сајт.

Екс репрезентативецот на Југославија и Македонија има чувство дека српскиот шампион ќе успее против германскиот гигант.

Во таа историска сезона во тогаш Куп на Европските шампиони (сега ЛШ), на првиот дуел во Минхен славеше Црвена звезда со 1:2, а на реваншот во една фантастична атмосфера беше елиминиран бундеслигашот.

При негатива од 1:2, Србите успеаја да израмнат на 2:2 после една грешка на противничкиот голман.

– Кога топката влезе во мрежата, ми падна камен од срцето, незаборавно славје. Фудбалот ги цени храбрите и почитуваните. Нашата генерација беше таква, затоа сè ни се врати таа ноќ, а подоцна и во финалето во Бари. Затоа ги советувам сегашните играчи на Звезда да бидат паметни, смирени, да не ги понесе атмосферата, туку таа енергија од трибините и со додатна сила да дојдат до својата цел и ни донесат радост. Имам чувство дека ќе успеат – додаде Најдоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот