Повеќе војници и оружје за европските земји кои граничат со Русија

Претседателите на Латвија и на Украина / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Шведска ќе испрати свои војници во Латвија како дел од силите на НАТО во балтичките земји, кои се граничат со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, изјави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Утринава владата донесе формална одлука да ги задолжи вооружените сили да го подготват шведскиот придонес за редуцираната бригада“, рече Кристерсон на заедничката прес-конференција со неговата латвиска колешка Евика Силина.

Тој додаде дека целта е тие сили да бидат оперативни од почетокот на следната година.

„Придонесот ќе вклучува и оклопни возила и тенкови Леопард“, рече шведскиот премиер.

Шведска се приклучи на НАТО минатиот месец, станувајќи 32-та членка по една деценија неутралност, поттикната од руската инвазија на Украина.

Шведска веќе најави дека ќе испрати редуцирана механизирана бригада во мисијата на НАТО во Латвија. Конечната одлука е донесена по влезот во НАТО. Шведските вооружени сили објавија дека се работи за околу 600 војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот