Повеќе од 100 повредени во судири меѓу Палестинците и полицијата во Ерусалим

Израелската полиција синоќа се судри со Палестинците пред Стариот град Ерусалим, каде подигнаа барикади за да спречат стотици еврејски екстремисти да влезат во областа.

Повеќе од 100 лица синоќа се повредени во Ерусалим во судири меѓу израелските полициски сили и палестинските демонстранти, соопштија утрово медицински и полициски извори.

Палестинскиот Црвен крст пријави најмалку 105 повредени, од кои околу 20 се пренесени во болница, додека полицијата соопшти дека во своите редови има 20 ранети и оти при судирите биле приведени 44 лица.

Израелската полиција синоќа се судри со Палестинците пред Стариот град Ерусалим, каде подигнаа барикади за да спречат стотици еврејски екстремисти да влезат во областа.

Судирите избувнаа кога стотици припадници на израелските безбедносни сили беа мобилизирани за да го запрат маршот на крајнодесничарското еврејско движење Лахава.

Младите Палестинци организираа контра-демонстрации за да се спротивстават на маршот, а инцидентите избувнаа на влезот во Стариот град, во источниот дел на Ерусалим, палестински сектор окупиран и припоен кон Израел, каде полицијата забрани пристап до областите што обично масовно се посетени за време на Рамазан.

Израелската полиција синоќа соопшти дека ги одобрува демонстрациите во име на слободата на изразување, но оти ќе дејствува против каква било форма на насилство и додаде дека сака да се избегнат конфликти.

Тензиите се посилни од вообичаено во градот каде има свети места за Евреите, христијани и муслимани и каде долго време беше жариштето на израелско-палестинското насилство.

Полицијата се судира со Палестинците секоја вечер од почетокот на светиот муслимански месец Рамазан минатата недела, кога властите поставија барикади на Портата Дамаск, традиционално место за собирање на отворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот