Потврдено: Барселона ќе му прави статуа на Меси!

фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Лионел Меси премногу направи за Барселона пред да го напушти шпанскиот гигант минатото лето поради кризата и да се пресели во Париз во дресот на ПСЖ.

Барселона не можеше да го исполни договорот на Меси, па Аргентинецот беше принуден да си замине. Сега во медиумите се шпекулира за негово враќање во клубот откако ќе му истече договорот со ПСЖ наредната сезона, но јасно е дека тоа е тешка мисија.

Сепак, првиот човек на клубот, Жоан Лапорта потврди дека без разлика што ќе се случува пред „Камп Ноу“ ќе биде поставена статуа со ликот на Меси.

„Можам да потврдам дека одлуката е веќе донесена. Пред „Ноу Камп“ ќе поставиме статуа со ликот на Меси“, изјави Лапорта.

Меси за Барселона играше од 2003 до 2021 година и со овој клуб десет пати беше шампион во Ла Лига, Купот на Шпанија го освои седум пати, четири пати Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство трипати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот