Потпишан Меморандум за разбирање за изградба на нафтоводот Унгарија – Србија

Меморандум Србија - Унгарија / Фото МИА

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во рамки на првата седница на Стратешкиот совет за соработка помеѓу двете земји потпиша Меморандум за разбирање за изградба на нафтоводот Унгарија – Србија.

– Србија во моментот се снабдува со сурова нафта само преку Хрватска, а за поголема сигурност потребно е, како и за гасот, да имаме диверзификација на извора и на рути за снабдување. Со изградбата на нов нафтовод кон Унгарија ќе обезбедиме посигурно снабдување на домашните рафинерии, а со тоа и на домашниот пазар, посочи Ѓедовиќ.

Планирано е новиот нафтовод да минува по трасата Сзазаломбата-Алѓе-Роске-Нови Сад, со вкупна должина од 304 километри, со потенцијално проширување до Солун и Драч. Изградбата на нафтоводот Србија-Унгарија со капацитет од 5,5 милиони тони годишно е 157 милиони евра за српскиот дел.

Меморандумот предвидува пред почетокот на реализацијата на проектот да биде потпишан Договорот за изградба на нафтоводот Унгарија – Република Србија меѓу компаниите АД Транснафта и МОЛ Групацијата како носители на реализацијата на проектот, со што подетално ќе се утврдат техничко-технолошките карактеристики и временската рамка на имплементацијата, како и се дефинираат меѓусебните и индивидуалните обврски на учесниците во проектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот