Потег за респект: Де Зерби од почит кон Михајловиќ одби да седне на клупата на Болоња

Роберто де Зерби/фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Италијанскиот стратег Роберто де Зерби ги шокира челниците на Болоња и одби да седне на клупата на екипата од почит кон Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ поради слаби резултати на стартот од сезоната доби отказ и челниците на Болоња сакаа токму Де Зерби да биде нов тренер.

– Би сакал да бидам тренер на Болоња, но не можам да ја прифатам понудата поради Синиша – изјави Де Зерби за италијанските медиуми.

Де Зерби според медиумите во Италија не сакал да ја прифати понудата од почит кон Михајловиќ кој со години се бори со леукемија.

Како ново решение за клупата на Болоња се споменува Тијаго Мота кој се наоѓа во заврши преговори со управата на клубот. Мота мината сезона ја помина на клупата на Специја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот