Последниот крокодил во Европа: Најдени фосили стари 4,5 милиони години

Nile crocodile (Crocodylus niloticus), Chobe River, Botswana, Africa,Image: 488293139, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Ann and Steve Toon / robertharding / Profimedia

Фосили од најголемиот познат крокодил, кој се смета за „последниот крокодил во Европа“, се пронајдени во Шпанија 4,5 милиони години по неговата доминација.

Истражувачите откопаа животински фосили во јужна Шпанија, стари околу 4,5 милиони години, вклучувајќи ги и можните остатоци од „последниот европски крокодил“, пишува „Nature World News“.

Каталонскиот институт за човечка палеоекологија и социјална еволуција (IPHES) ги направи овие откритија за време на септемвриските ископувања на локацијата База-1 во провинцијата Гранада. На локалитетот, откриен во 1996 година, започнаа систематски ископувања во 2000 и 2001 година. На скромна површина од 30 квадратни метри беа пронајдени повеќе од 2.000 фосили, главно од изумрени животни.

Локалитетот База е стар приближно 4,5 милиони години, и е редок во Европа, познат по својата исклучителна концентрација на изумрена фауна и флора.

Палеонтолозите сега пронајдоа повеќе од 500 добро сочувани фосили од големи и мали ‘рбетници, стари околу 4,5 милиони години. Меѓу остатоците има мастодони, носорози, два вида коњи, разни говеда, елени, свињи, големи месојади и желки. Анализата на седиментот, исто така, откри остатоци од мали цицачи како што се глодари, зајаци, итрини, водоземци, влекачи, риби и изобилство од дрвја и растенија.

Истражувачкиот тим дошол до фасцинантно откритие на локацијата База-1: првиот крокодилски заб пронајден на местото. Тој заб припаѓа на еден вид крокодил со африканско потекло и претставува уникатно откритие во европските фосилни записи од таа ера. Можеби тоа беше последниот вид на крокодил што го населил континентот.

Се смета дека тој крокодил стигнал до Пиринејскиот Полуостров преку морски канал непосредно пред да се исуши Медитеранот за време на кризата со соленоста во Месинија, пред околу шест милиони години.

Истражувачите имаат намера да ги искористат фосилните наоди од База-1 за да ја реконструираат античката средина. Доказите укажуваат на тропска/суптропска клима со високи температури, обилни врнежи и екосистем од огромни шуми и отворени области населени со тревопасни животни како коњи со три прсти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот