Последен ранг на најдобрите македонски тенисери за 2023 година

фото: mtftennis.mk

Последниот понеделник во 2023 година значи и последен ранг за тенисерите кои имаат ранг АТП ранг-листата. Од македонските тенисери тројца оваа година ја завршуваат со ранг во поединечна конкуренција.

Најдобар ранг има Калин Ивановски, кој е рангиран на 326 место што значи пад за една позиција во однос на претходната недела, со моментно 159 поени. Ивановски ланската година ја заврши на 540 место.

Горазд Србљак со 10 поени, се наоѓа на 1052 место и има скок од две места во однос на претходната недела, додека Обрад Марковски има скок од девет позиции и се наоѓа на 1454 место со три поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски е рангиран на 675 место со 71 поен, или пад за две места, додека Берк Бугариќ е на 1347 место (пад за едно место) со 16 поени. Марковски е рангиран на 1751 место (пад за седум позиции) со седум поени, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2121 место со три поени (пад за три места).

На почетокот на следната недела воедно и на новата година прв настап ќе има Ивановски, кој е пријавен за челинџер турнир во Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот