Португалија се покажа како „тврд орев“ за германските ракометари

фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Овој период најдобрите машки ракометни репрезентации играат контролни натпревари пред стартот на Европското првенство кое ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 година.

Домаќин на континенталниот собир е Германија која денеска имаше пријателски меч против Португалија и истиот го доби минимално со 34:33.

Германците се инаку едни од ривалите на македонската репрезентација на ЕП во рамките од групата „А“.

Најефикасен во денешниот триумф на Германија беше Кнор со шест голови, а по пет имаа Гола, Хане и Кастенинг.

На спротивната страна прв стрелец беше Фраде со седум погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот