Порошенко бара од САД оружје со долг дострел за да ја одбрани Европа

Фото: EPA-EFE/STEPAN FRANKO

Петро Порошенко, екс-претседателот на Украина, ги повика Соединетите Американски Држави да им обезбедат оружје со долг дострел, со цел, како што рече, „да ги уништат руските магацини и командни центри на земјата агресор“.

Порошенко, исто така, истакна дека на Украина ѝ се потребни воздушни одбранбени и борбени авиони за заштита на цивилните објекти од клучната инфраструктура.

-Оружјето никогаш не е доволно. Ние го разбираме тоа и ситуацијата се подобрува чекор по чекор. Се надеваме дека наскоро ќе имаме американска противвоздушна одбрана. Сега треба да го имаме сето тоа не само на првите борбени линии, туку и за да се затвори небото над клучните енергетски инфраструктурни објекти низ целата земја, изјави Порошенко за „Си-Ен-Ен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот