Поразот од Јунајтед ќе му пресуди на Тухел?!

epa08667226 Paris Saint-Germain's head coach Thomas Tuchel reacts during the French Ligue 1 soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and Olympique Marseille at the Parc des Princes stadium in Pa?ris, France, 13 September 2020. EPA-EFE/Julien de Rosa

Поразот од Манчестер јунајтед на стартот од Лигата на шампионите повторно ги возбуди страстите и одново во преден план ги исфрли проблемите на релација тренер – директор, односно Томас Тухел и Леонардо.

Според новинарот Пјер Менес, Тухел нема каде да се сокрие по поразот и одново му се тресе тренерското столче.

ПСЖ ужасно игра, срамно е на што личеа во првото полувреме. Дури кога Рафиња влезе во игра, малку се променија работите, но поразот е сосема заслужен. Тухел ги загуби конците, погледнете како изгледа екипата. Нејмар е најдобар играч на ПСЖ, но не ваков каков што беше на теренот, тврдоглав и кога никому не ја дава топката. Овој тим нема тренер – вели новинарот Менес.

Денеска и италијанските медиуми, поточно „Газета дело спорт“ се знимаваат дека Леонардо интензивно работи на реализација на неговиот план, отказ на Тухел и замена со Масимилијано Алегри. Според весникот, Леонардо веќе започнал да лобира кај сопствениците на ПСЖ, катарското кралско семејство Ал Тани, да дадат зелено светло за смена на Германецот и дека Алегри е подготвен веднаш да седне на клупата.

„Газета дело Спорт“ тврди дека последна шанса за Тухел да се спаси од отказ е натпреварот од второто коло против Башакшехир во Истанбул кој мора да го добие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот